На првиот избор за најдобри е-трговци во Македонија за 2021 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 18 категории, поделени во три секции: “Најдобри е-продавници по сектори”, “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и “Шампиони во е-трговија”, каде се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.

Победниците се објавени утрово на страната на Ecommerce Awards https://ecommerceawards.mk/pobednici/, а во продолжение ја проследуваме листата со победниците.

ПОБЕДНИЦИ ВО СЕКЦИЈАТА “НАЈДОБРИ Е-ПРОДАВНИЦИ ПО СЕКТОРИ” СЕ:
Маркетплејс платформа на годината – grouper.mk
Е-продавница за облека и обувки на годината – fashiongroup.com.mk
Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
Е-продавница за храна и пијалоци на годината – paket.mk
Е-продавница за туристички услуги на годината – grouper.mk
Е-продавница за модни додатоци, убавина и нега на годината – mytime.mk
Е-продавница за дом, мебел и градина на годината – smartliving.mk
E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk
Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – kliknijadi.mk
ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИ ВО СЕКЦИЈАТА “НАЈДОБРИ Е-ТРГОВЦИ ВО ОДБРАНИ АСПЕКТИ НА ОНЛАЈН ПРОДАВАЊЕ” СЕ:
Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината – grouper.mk
Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (прво место)
Е-трговец со најдобра грижа за корисници – a1.mk (второ место)
Е-трговец со најдобра грижа за корисници – grouper.mk (трето место)
Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – paket.mk (прво место)
Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – kliknijadi.mk (второ место)
Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – domato.mk (трето место)
Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – grouper.mk (прво место)
Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (второ место)
Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – neptun.mk (трето место)
Најдобра веб страна за плаќање на сметки – a1.mk
Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината – Агенција за катастар на недвижности
ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИ ВО СЕКЦИЈАТА “ШАМПИОНИ ВО Е-ТРГОВИЈА” СЕ:
Најдобра новоотворена е-продавница – domato.mk (прво место)
Најдобра новоотворена е-продавница – peko.com.mk (второ место)
Најдобра новоотворена е-продавница – medicushelp.mk (трето место)
Најпопуларна е-продавница – zegin.com.mk (прво место)
Најпопуларна е-продавница – paket.mk (второ место)
Најпопуларна е-продавница – grouper.mk (трето место)
Е-трговец на годината за 2021 година – grouper.mk (прво место)
Е-трговец на годината за 2021 година – paket.mk (второ место)
Е-трговец на годината за 2021 година – fashiongroup.com.mk (трето место)
Категоријата “Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.