Во Клубот на пратеници во Скопје денеска ќе се одржи традиционалното доделување на наградите за општествена одговорност на претпријатијата.

Наградите за најуспешните општествено одговорни проекти во неколку категории ќе ги додели министерот за економија Крешник Бектеши.

Манифестацијата се одржува 11 година по ред, а целта е да се подигне свеста кај компаниите за општествената одговорност.