Dogecoin се искачи повеќе од 40 проценти утрово по новиот твит на Елон Маск и најавата на Coinbase дека ќе ја листаат оваа криптовалута на нивната берза за тргување.

Цената на dogecoin се искачи на највисокото ниво во тек на денот, околу 55 центи, покажуваат податоците на Coin Metrics. Тоа е сè уште околу 18% пониско од рекордното високо ниво од скоро 67 центи од пред само една недела.

Маск на Твитер напиша дека соработува со развивачите на dogecoin за подобрување на ефикасноста на трансакциите.

Во средата, извршниот директор на Тесла изненади со објавата дека неговата компанија за електрични автомобили ќе престане да прифаќа биткоини како средство за плаќање поради загриженост за влијанието врз животната средина.

Ова доведе до брутална продажба на криптовалути, вклучително и доџкоинот. Dogecoin веќе опадна значително по појавувањето на Маск во емисијата Saturday Night Show, во кое тој ги нарече дигиталните монети  „hustle“.

Во меѓувреме, платформата за размена на криптовалути Coinbase во четвртокот објави дека ќе понуди поддршка за dogecoin во следните шест до осум недели. Многу трговци со криптовалути се собраа кон инвестициската апликација Робинхуд со нула такси за трговија со догекоин; сега потегот на Coinbase може да доведе до поголема трговска активност.