Британската фунта вчера се зголеми на петмесечен максимум во однос на доларот, откако лидерите на Европската унија и Обединетото Кралство потврдија дека е договорен предлог договор за Брегзит.

Фунтата во еден момент скокна на дури 1,2988 долари, допирајќи го така петмесечниот максимум, пренесува CNBC. Еврото, исто така, се зајакна во однос на доларот, скокајки за 0,5 проценти.