Редакцијата на БанкоМетар.мк со внимание ја разгледа и проучи новата апликација на Халк Банк, апликацијата ХалкЕко и ако треба накратко да го сумираме нашето мислење: Секоја чест!

Зошто оваа апликација е уникатна и како може истата да го подобри Вашето здравје, но и Вашите финансии?

Имено, станува збор за крајно иновативно решение, кое доколку го користите во значајна мерка ќе го подобри како Вашето здравје, така и семејниот буџет! За што се работи?

Со оваа апликација, Вие сте стимулирани на пешачите или да возите велосипед, особено во прометните часови и денови во неделата. Со тоа Вие допринесувате за помало загадување, станувате повитални и имате подобро здравје. Апликацијата го мери растојанието кое Вие физички го поминувате во зададен рок и дел од денот и за тоа Ве наградува со ХалкКоини… Тоа се мали дигитални жетони, кои низ комплексен систем се додаваат на Вашиот профил. Но, тука приказната не завршува. Имено, овие ХалкКоини подоцна можете да ги користите во следниве награди т.е. подароци кои ХалкБанк Ви ги доделува како награда за Вашата посветеност во зачувување на Вашето здравје и нашата почиста животна средина. Некои од тие награди се следните :

  • Велосипеди, електрични тротинети, термоси, маици
  • Зголемена стапка на Вашиот депозит за фантастични 0,30% над редовната камата
  • Потрошувачки кредит со 15% пониска камата од редовната
  • Станбен кредит со 10 % пониска камата од редовната

Замислете, да имате станбен кредит и бидејќи се грижите за Вашето здравје и животната околина со апликацијата ЕкоХалк, да платите помалку 4.200 ЕУР на крајот на периодот. Само заради собраните ХалкКоини.

Апликацијата е навистина корисна, остроумна, иновативна и БанкоМетар.мк ја поздравува како една од најдобрите и најуникатни хибридни понуди во скромниот македонски финтек. Особено ни е драго што една банка, во случајов Халк Банка покажува толку високо ниво на иновативност, пионерство во финтек индустријата и се грижи за зачувување на нашето здравје и нашата почиста животна средина.

И за крај, замислете…со користењето на апликацијата, се издвојуваат средства за засадување на нови и млади дрва. Досега се засадени 252 дрва благодарение на корисниците на ХалкЕко апликацијата.

Во време кога безмилосно се сечат и уништуваат дрвата во урбаните средини, ХалкБанк преку својата апликација и корисниците, на мудар начин, изнајде решение да засади 252 дрва за само 10 дена од лансирањето на апликацијата. Па навистина, секоја чест !