10-dollarДоларот во вторникот на меѓународните девизни пазари благо ослабна во однос на другите големи светски валути во слабата трговија пред крајот на годината.

Еврото зајакна во однос на доларот за 0,1 проценти на 1,0988 $. Валутите се тргуваа во значително намален обем, бидејќи поголемиот дел од учесниците на пазарот ги заклучија позициите за оваа година и заминаа на одмор.

Европската валута ослабна за околу девет проценти во однос на доларот оваа година, а во март, во еден момент еврото се лизна на најниското ниво во последните 12 години од 1,0457 $.

Должничката криза во Грција и различната монетарната политика во однос на САД се некои од факторите кои го притиснаа еврото оваа година, иако допрва треба да достигне паритет со доларот како што некои прогнозираат.