На меѓународните девизните пазари минатата недела, американскиот долар не забележа поголеми осцилации во однос на другите најважни светски валути, во однос на еврото се задржа на 1,09 $, а во однос на јенот на 124 јени, додека растат очекувањата дека Банката на федерални резерви (ФЕД) во септември би можела да ги зголеми каматните стапки во САД за прв пат во последните 10 години.
Поголем дел од неделата, инвеститорите го очекува објавувањето на клучниот извештај за вработеноста во САД во јули, како еден од важните показатели за ФЕД, пред да одлучат за можно прво подигнување на каматните стапки во САД во последните 10 години.
Во петокот американското Министерство за труд објави дека во најголемата економија во светот во јули се отворени 215.000 нови работни места, а стапката на невработеност се одржа на стабилни 5,3 проценти, што е најниско ниво во последните седум години. Тоа е малку пониско од очекувањата на аналитичарите, кои во анкетата на Ројтерс проценуваа дека ќе бидат отворени 223.000 нови работни места.
Аналитичарите истакнуваат дека изгледите за доларот остануваат позитивни поради очекувањата дека ФЕД наскоро ќе ги зголеми каматните стапки, па повеќето од нив проценува дека тоа ќе се случи на состанокот на ФЕД во септември.
“Тие податоци на лидерите на ФЕД Janet Yellen и нејзините колеги им даваат причина да се повлече чкрапалото и да ги зголемат каматните стапки следниот месец, а најверојатно од тоа нема да се откажат. Американската економија се уште е здрава, иако има економски закани од целиот свет, сега е вистинското време за првото зголемување на каматните стапки”, вели Dennis de Jong, управен директор на UFX, во кипарскиот Limassol.
Сепак, дел од аналитичарите сметаат дека поради намалувањето на приносите на долгорочните државни американски обврзници, што укажува на ниска инфлација, темпото на ФЕД за зголемување на каматните стапки, најверојатно ќе биде бавно, па потенцијалот за американската валута е ограничен.
“Како резултат на ниската инфлација и отсуството на силниот раст на бројот на нови работни места во САД, прв пораст на каматните стапки во септември или во октомври, или во декември .. најверојатно ќе биде само изолиран настан”, изјави Christopher Vecchio, валутен аналитичар на Daily FX во Њујорк.