Долар во петокот на меѓународните девизни пазари се опорави откако ден предходно го забележа најсилниот дневен пад во изминатиот месец, додека инвеститорите го чекаат клучниот извештај за нови работни места во САД, кој треба да им даде нови насоки во врска со понатамошното зголемување на каматните стапки.
Доларот во такви околности зајакна 0,2 проценти во однос на еврото, на 1,0941 $. Ден претходно ослабна за 0,8 проценти.
Во фокусот ќе биде извештајот за нови работни места во најголема економија во светот. Солидните бројки најверојатно ќе го поддржат доларот, иако некои аналитичари предупредуваат дека позитивни показатели би можеле да го поддржат растот на каматните стапки во САД.
Додека вниманието е свртено кон извештајот за вработување во САД, некои трговци и аналитичари сметаа дека еврото ќе црпи поддршка од перцепцијата дека агресивното олабавување на монетарната политика на редовниот состанок на Европската централна банка (ЕЦБ) закажан за 10 март веќе е врачунато.