Откако минатата недела потона за 1,6 отсто, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, повторно се лизна за уште 0,46 отсто на 101,79 поени, што е ново најниско ниво во последните седум месеци. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за 0,4 отсто, на 127,35 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,3 отсто, на 1,0865 долари, блиску до највисокото ниво во последните девет месеци.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа откако минатата недела пораснаа за повеќе од 8 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,75 отсто, на 84,65 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,68 отсто, на 79,30 долари.