A picture illustration shows U.S. one dollar bank notes and a one Euro coinДоларот во вторникот на меѓународните девизни пазари се спушти на најниско ниво во последните седум недели во однос на кошницата валути како последица на растечката тензија кај инвеститорите во исчекување на редовната седница на ФЕД оваа недела,

Долар индексот во еден момент падна на 97,19 поени. Подоцна се стабилизира на 97.355 поени, односно ослабна за 0,3 проценти во однос на предходниот ден.

Американската валута ослабна за 0,2 проценти во однос на јенот, на 120,75 ¥. Еврото во однос на доларот се зголеми за 0,4 проценти на 1,1040 $. Претходно, во еден момент достигна највисоко ниво во последните седум недели од 1,1060 $.

Аналитичарите истакнуваат дека доларот е ранлив и на најмалото изненадување што би можело да произлезе од редовниот месечен состанок на ФЕД. Повеќето од нив очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки за прв пат по речиси една деценија, но од ФЕД сигнализираа дека имаат намера постепено да ги подигнуваат, што од учесниците на пазарот тоа го оценуваат како релативно умерен пристап.