BN-HJ427_weakeu_P_20150312093212Доларот во понеделникот на меѓународните девизни пазари во однос на кошницата на валути достигна ново највисоко ниво во последните осум и пол месеци, а еврото падна на најниско ниво од април пред состанокот на Европската централна банка (ЕЦБ) оваа недела.

Долар индексот се зголеми за 0,1 проценти на 100,16 поени. Европската валута во однос на доларот се намали за околу 0,3 проценти, на 1,05645 $.

Во фокусот на пазарот оваа недела се седниците на централните банки, особено месечниот состанок на ЕЦБ на 3-ти декември, од кој се очекува намалување на каматните стапки на банкарските депозити подлабоко во негативна територија, продлабочување на лабавата монетарна програма. Од друга страна, во САД се очекува ФЕД да ги зголеми каматните стапки за прв пат по речиси една деценија.

“Преовладува мислење дека ФЕД ќе ја заостри монетарната политика, а ЕЦБ дополнително ќе ја олабави, така што еврото се спушти на околу 1,05 долари. Секој знае дека ЕЦБ ќе направи нешто, како што тоа се очекува и од ФЕД. Во првиот квартал од следната година, најверојатно, ќе бидеме сведоци на обид да се изедначат курсевите на европската и американската валута “, изјави Sanjiv Shah, валутен аналитичар на Sun Global.