На девизните пазари, вредноста на доларот опаѓа, по дводневен раст.

Индексот на доларот, што ја покажува вредноста на доларот во однос на другите шест најважни светски валути, е околу 90,56 поени, додека вчера во ова време тој изнесуваше 90,95 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 105,85 на 105,65 јени.

Американската валута ослабе и во однос на еврото, па цената на еврото достигна 1,2085 долари, додека вчера во ова време беше 1,2045 американски долари.

Цените на нафтата, од друга страна, значително опаднаа, паѓајќи од највисокото ниво од јануари минатата година.

Цената на барелот на американскиот пазар утрово падна за 2,15 проценти, на 59,20 долари, додека на лондонскиот пазар, барелот падна за 1,8 проценти, на 62,80 долари.