Вредноста на американскиот долар се намали за 0,8 отсто во однос на еврото, но курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 1,2 отсто. Во исто време, минатата недела еврото зајакна во однос на доларот седма недела по ред, па во еден момент неговиот курс скокна на ниво 1,1075 долари, највисоко во последната година.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 0,5 отсто, на 101,55 поени.

Истовремено, доларот ослабна за 0,8 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото на крајот на неделата изнесуваше 1,0995 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 1,2 отсто на 133,80 јени.

Индексот на доларот го продолжи падот и минатата недела бидејќи инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка се ближи кон крајот.

Минатата недела податоците покажаа дека растот на потрошувачките цени во март забави повеќе од очекуваното, од 6 на 5 отсто на годишно ниво, додека производствените цени во истиот месец паднаа за 0,5 отсто на месечно ниво.

Овие податоци покажуваат дека заострувањето на монетарната политика на американската централна банка дава резултати, дека инфлацијата стивнува и дека пазарот на трудот, а со тоа и притисокот врз растот на потрошувачката и платите, се лади.

А тоа значи дека ФЕД наскоро би можел да го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика.