dollar 1Вредноста на доларот на меѓународните девизни пазари додатно ослабе во однос на кошницата валути поради бранот на продажба по спласнување на очекувањата за понатамошно зголемување на каматната стапка во САД оваа година.

Долар индексот, падна за 0,5 проценти на 96,796 поени, што е најниско ниво од почетокот на ноември минатата година.

Еврото во такви околности во еден момент достигна  1,1161 $, највисоко ниво во последните три и пол месеци. Вредноста на доларот падна за 0,1 проценти во однос на јенот, на 117,77 јени, со тоа ги изгуби сите добивки остварени по одлуката на јапонската централна банка да воведе негативни каматни стапки.

Повисоката продажба на долари започна во средата по слабите индикатори за расположението во САД и предупредувањето на претседателот на филијалата на Банката на федерални резерви од Њујорк Wiliama Dudley дека со понатамошното зголемување на каматните стапки треба да се води сметка за слабите изгледи за глобалниот раст.

Движењето на девизниот курс на доларот ги става Европската централна банка и Банката на Јапонија во тешка позиција, бидејќи се соочуваат со зајакнување на нивните валути, дури и по испраќањето на сигнали за подготвеноста за натамошно олабавување на монетарната политика, наведуваат аналитичарите.