На светските валутни пазари, вредноста на американскиот долар кон кошницата валути падна минатата седмица во близина на најниското ниво во последните триесет дена.

 

Причина за тоа е што вложувачите стравуваат од трговска војна меѓу САД и Кина, што ќе нанесе штети на глобалната економија, пишува.

Според тоа индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, минатата седмица падна за 0,9 отсто на 89,42 поени, недалеку од најниското ниво во последниот месец. Притоа цената на американската валута кон јапонската падна за 1,2 отсто, на 104,70 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па курсот на еврото порасна за 0,5 отсто, на 1,2355 долари.

Што ќе донесе заканата од  нарушените односи помеѓу двете земји, останува да видиме.