valute-640x330Доларот на меѓународните пазари се стабилизира откако трговците врз основа на новите економски индикатори и записниците од ФЕД ги прилагодија очекувањата за зголемување на клучните каматни стапки во САД.

Курсот доларот во однос на еврото е речиси непроменет во однос на предхоното затворање и се тргува на $ 1,110. Американската валута благо зајакна во однос на јенот, за 0,2 проценти, достигнувајќи 124,05 ¥.

Меѓу другите валути се истакна Норвешката круна, која падна на најниско ниво во однос на еврото во последните седум месеци по најновите податоци кои покажуваат забавување на економијата во вториот квартал, што значи можност за дополнително монетарно олеснување.

Економијата на Норвешка во вториот квартал во целина се намали, со исклучок на производството на нафта и гас и транспортниот сектор, кои се зголемија за 0,2 проценти.

Во последните три месеци Норвешката круна во однос на еврото ослабна за 10 проценти како резултат на падот на цената на нафтата, што резултира со намалени инвестиции и зголемена невработеност.

Во четвртокот, еврото зајакна во однос на круната за 0,4 проценти на 9,2734 круни, највисоко ниво од јануари. Со ист процент на добивка е и доларот, и се тргува за 8,3161 круни.