valute-640x330Доларот во вторникот се задржа стабилен во однос на еврото, додека во однос на јенот благо зајакна во пресрет на состанокот на ФЕД бидејќи повеќето трговци веќе го имаат врачунато во вредноста очекуваното зголемување на клучните каматни стапки во САД.

Курсот на еврото во однос на доларот е стабилен и се тргува за 1,0629 долари. Јенот ослабе за 0,2 проценти во однос на доларот, на 115,34 јени.

Предходно, еврото во однос на доларот зајакна за 0,7 проценти, пратејќи го порастот на приносите на германските државни обврзници, што предизвика сигнали во Италија, да се обиде да и помогне на проблематичната банка Monte dei Paschi di Siena.

Додека во моментов вниманието на пазарот се фокусираше главно на состанокот на ФЕД. Индикаторите на пазарот покажуваат дека трговците веќе целосно го имаат врачунато зголемувањето на клучните каматни стапки, но не се сигурни дали ФЕД ќе упати силен сигнал за натамошно затегнување на монетарната политика следната година, велат аналитичарите.

Британската фунта зајакна во однос на еврото и на доларот, откако министерот за финансии Филип Хамонд го поддржа предлогот за преодниот период, со цел да се олесни излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Фунтата во однос на еврото зајакна за 0,49 проценти на 1,1976 евра. Додека во однос на доларот зајакна за 0,24 проценти на 1,2704 долари.