2011-01-12-3574_0_22_dollar_euro_450-450x330Американската валута на меѓународните пазари се задржа во близина на највисокото ниво во последните три месеци во однос на кошницата валути, додека еврото и покрај притисокот малку се стабилизира во однос на доларот.

Еврото во однос на американската валута зајакна за 0,3 проценти на 1,0861 $. Вредноста на доларот во однос на јенот остана помалку или повеќе непроменета во однос на претходното затворање и се тргуваше за 124,13 ¥.

Американските економски индикатори, вклучувајќи ги цврстите извештаи за инфлацијата и изградбата на станови, допринесоа доларот минатата недела да забележи најголем неделен пораст во последните два месеци, откако претседателката на ФЕД Janet Yellen повтори дека клучните каматни стапки, најверојатно, ќе се зголемат до крајот на годината.

Заедничката европска валута, остана под притисок, иако забринетоста за излегување на Грција од еврозоната засега барем попушти, откако Атина минатата недела постигна договор со доверителите.

Од вестите од Грција се издвојува повторното отворање на локалните банки после три недели, иако ограничувањата за пари во кеш остануваат во сила. Германската канцеларка Angela Merkel повика на итни разговори за финансиска помош за Грција, со цел владата да може да ги укине постоечките ограничувања за повлекување готовина од банките.

“Што се однесува за курсот на еврото, тој веројатно се уште е во надолен тренд”, изјави Teppei Ino, аналитичар на јапонската банка Bank of Tokyo-Mitsubishi UFJ.