На девизните пазари во средата во претпладневното тргување се зголеми вредноста на америкаснкиот долар во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,40 поени, додека вчера во овој период од денот изнесуваше 104,20 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,40 на 151,97 јени, што е највисоко ниво во последните 34 години. На овие нивоа, јапонската централна банка интервенираше во изминатите години.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0825 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,0840 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнето се лизна за 0,94 отсто, на 85,45 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,86 отсто, на 80,90 долари.