Во соопштението од Канцеларијата на Светската банка во земјава наведуваат дека со ова финансирање ќе се поддржи рехабилитација на патиштата и други слични подобрувања, вклучувајќи автобуски станици, тротоари, велосипедски објекти.

Светската банка одобри дополнителни 37 милиони евра на средствата прераспределени од Проектот за поврзаност преку локални патишта во мај 2020 година за надминување на Коцвид-19 пандемијата.

Во соопштението од Канцеларијата на Светската банка во земјава наведуваат дека со ова финансирање ќе се поддржи рехабилитација на патиштата и други слични подобрувања, вклучувајќи автобуски станици, тротоари, велосипедски објекти, подобрено одводнување и механизми за безбедност и ќе се поттикне економската конкурентност, ќе се поддржи растот во рамките на општините кориснички и ќе се обезбедат повеќе и подобри можности за луѓето ширум земјата.

Проектот има за цел подобрување на капацитетите на Владата да управува со локалните патишта, да го зголеми пристапот на пазарот и да ги подобри услугите преку рехабилитација и подобрување на околу 450 километри локални патишта, што ќе овозможи подобар и побезбеден транспорт во 80 општини учеснички. Во општините кориснички спаѓаат рурални заедници со висока стапка на сиромаштија и кои повеќе се потпираат на земјоделство, како и урбани општини и подрачја со социоекономски разнообразно население.