До 15-ти септември производителите на домати и краставици можат да поднесуваат барање за дополнителни субвенции. средствата се обезбедени преку интервентниот фонд, а поднесувањето на документите е преку платежната агенција…

За продадени домати и краставици, произведени под контролирани услови градинарите можат да користат финансиската поддршка од интервентниот фонд.

За килограм домати имаат право на 35 денари и 30 денари за килограм краставици одгледани и продадени во периодот од 5 април до 31 мај годинава.

Барањата се поднесуваат директно во Агенцијата на рачно пополнет образец кој е објавен на веб-страницата, а во прилог се доставуваат финансиски документи за извршената продажба.

Крајниот рок за поднесување на документацијата е 15 септември 2023 година.

Од интервентната програма се обезбедува и финансиска поддршка за килограм за остварено, продадено или складирано производство на пченица, за произведен домашен сертифициран семенски материјал на пченица и на јачмен и за зимската зелка.

Оваа програма прв пат беше воведена минатата година, а главна цел е обезбедување навремена поддршка за земјоделците во услови на криза и поддршка на домашното производство.