На 11ти август во просториите на Касарна Хуб, старата ЈНА касарна во Охрид, во соработка со ИПАРД агенција се одржа работилница за Мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“

Согласно јавниот повик, корисници на средства можат да бидат правни лица регистрирани во Централниот регистар Република Северна Македонија, а се наоѓаат во ранг на микро, мали и средни претпријатија, како и задруги, и истите да се занимаваат со преработка на следниве производи:

Млеко и млечни производи;

Месо и производи од месо ( вклучувајќи јајца и живина);

Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури);

Житарици, мелнички продукти и скроб;

Растителни производи и масла и маснотии од животни;

Шира, вино и оцет;

Јавниот повик, како и сите придружните материјали за реализација на истиот, заинтересираните странки можат да ги преземат и на следниот линк:

https://bit.ly/3QefwWQ

Ве молам споделете ја информацијава со фирмите кои се занимаваат со преработка на горе наведени производи.