На Арсовски ова му е четврти мандат како претседател на Управниот одбор на ТТК Банка со постојан реизбор. 

Драгољуб Арсовски е реизбран за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје и останува на функцијата претседател на УО, информира банката на Македонска берза.

Од ТТК информираат дека за реизборот на Арсовски имаат согласност и од гувернерката на Народна банка.

„Со решение на гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-23906/11 од 28 декември 2020 година, е издадена претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје“, стои во соопштението.

Арсовски повторно е избран за претседател на Управниот одбор на банката и со согласност на Надзорниот одбор на Банката.

На Драгољуб Арсовски ова му е четврти мандат како претседател на Управниот одбор на ТТК Банка со постојан реизбор.