Откако минатата недела достигна цена од над 80.000 долари, на почетокот на неделава биткоинот со драстичен пад. Денес еден биткоин се тргува по цена од 76.000 долари.
Биткоинот на почетокот на годинава се движи во поширок опсег од приближно 69.000 до 78.000 долари, зависно од берзата и моменталните пазарни флуктуации. Експертите велат дека најголемата криптовалута во светот влегува во фаза на консолидација, без јасен сигнал за нов силен раст или продолжен пад.

Оваа состојба ја опишуваат како рамнотежа меѓу купувачите и продавачите, при што ниту една страна засега нема доминантна контрола. Зголеменото влијание на институционални инвеститори преку ETF фондови, глобалната монетарна политика и каматните стапки и регулаторната неизвесност на големите пазари за експертите се клучни фактори кои моментално го обликуваат криптопазарот.

Иако биткоинот останува водечки дигитален актив, 2026 година засега не носи јасен тренд и инвеститорите внимателно ги следат макроекономските сигнали и регулаторните одлуки. Експертите предупредуваат дека следниот поголем движечки тренд ќе зависи од комбинација на глобална ликвидност, институционална побарувачка и регулаторна стабилност.