Државата одбележа 34 години од воспоставувањето на монетарната самостојност и воведувањето на македонскиот денар, соопшти Министерство за финансии.
Во објавата се наведува дека македонскиот денар низ годините успешно се справувал со бројни економски предизвици и се изгради како стабилна и сигурна валута, која претставува важен столб на националната економија.
Од Министерството посочуваат дека зачувувањето на стабилноста на денарот останува врвен приоритет, бидејќи токму таа стабилност е клучна за обезбедување на поширока економска сигурност.
Воедно, се нагласува дека институцијата е посветена на одржување на макроекономската и фискалната стабилност, како основа за повисок економски раст, зголемување на инвестициите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.