Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2018 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.9.
Индексот на трошоците на животот во март 2018 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.1 %, житата за 1.6 %, замрзнатото овошје за 1.2 %, компирот за 0.9 %, млекото за 0.8 %, сирењето и урдата за 0.5 %, другите пекарски производи за 0.3 % и трбушките за 0.2 %.
Во март 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 3.3 %, предметите за лична хигиена и здравје за 1.2 %, услугите за лична хигиена за 1.1 %, средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 0.9 %, обувките за 0.7 %, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.6 %, големите електрични апарати, услугите за култура за 0.5 %, облеката, материјалите за одржување и поправки на станот, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, велосипедите за 0.4 %, другите услуги поврзани со станот, неспоменати на друго место,канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, услугите за сместување за 0.3 %, текстилот за домаќинствата, алатитe и опремата за куќа и градина, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај оризот за 1.5 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1.1 %, другите прехранбени производи за 0.9 %, месото за 0.7 %, јајцата за 0.6 %, рибата и морските плодови, јогуртот за 0.5 %, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.3 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 3.7 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.2 %, болничките услуги за 3.1 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.7 %, книгите за 2.6 %, гасот за домаќинствата за 2.5 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 2.3 %, авионскиот превоз на патници за 1.6 %, информатичката опрема за 1.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.8 %, цврстите горива за 0.5 %, мебелот за домаќинствата за 0.3 % и другите медицински производи за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, забележа пораст од 1.6 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2.9 %.