Почна пријавувањето за субвенционирање на земјоделството за 2024 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат речиси 6 милијарди денари. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за растителното производство.

Поднесувањето на барањата е од 10 мај до 1-ви јули. Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството. Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии за осигурување склучени од 1 август 2023 до 31 јули 2024 година со максимален износ на поддршка од 150.000 денари по корисник. За заштита на земјоделско земјиште е обезбедена финансиска поддршка за анализа на физичките и хемиските својства на почвата за стопанствата што направиле агрохемиски или педолошки анализи годинава, а ќе се покриваат 80 проценти од трошоците, но не повеќе од 12.000 денари.

Остануваат и досегашните мерки за складирање на пченицата, субвенцијата за зелената нафта со која се покриваат 100 проценти од трошоците за набавка на дизел-гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство.