Поради новиот бран на ширење на вирусот Ковид-19 и ограничувачките мерки, италијанската економија може да забележи нов пад на производството во четвртиот квартал, предупредува Центарот за студии на моќната италијанска федерација на голема индустрија (Конфиндустрија).

Најоштетени се услужните активности, транспортот и оние во рекреативниот и спортскиот сектор. Само во туризмот, на пример, се проценува дека приходите паѓаат за 70 проценти во споредба со периодот пред пандемијата, пренесува агенцијата Аги.

Понатамошен пад на вработеноста се предвидува и во четвртиот квартал, а потрошувачката падна и во октомври.

Италијанците, исплашени од пандемијата и загрижени од неизвесната блиска иднина, штедат повеќе од вообичаено, пишува агенцијата.

Бруто домашниот производ порасна за 16 проценти во третиот квартал, но ситуацијата повторно се влоши од почетокот на вториот бран на пандемијата, па се очекува втора рецесија за една година до крајот на оваа година.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк