„Движењето БЕСА, секогаш им даваше поддршка на протестите кои беа против негативните појави во општеството, така и овојпат го продолжуваме континуитетот на политичките ставови со поддршка на протестот на Движењето „Антикоцкање“, која е против отворање на казино во близина на едно училиште во Тетово, велат од Движењето БЕСА.

Од оваа партија апелираат до сите граѓани да излезат на овој протест со разумност и смиреност.

„Апелираме и до сите граѓани да излезат на овој протест со разумност и смиреност за борба против негативните појави во нашето општество. Да излеземе сите без партиски одлики да ги отстраниме казината и другите игри на среќа од околината на училиштата и да ги поставиме што подалеку од населените места“, се вели во сопштението на БЕСА.