Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 111.5.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (16.5 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 отсто) и Уметност, забава и рекреација (16.1 отсто), пишува во соопштението на ДЗС.

Според заводот, зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.2 отсто), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.9 отсто) и Рударство и вадење на камен (3.1 отсто).