Просечната нето-плата во мај изнесуваше 36. 465 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности (25.5  проценти), стручни, научни и технички дејности (21.4  проценти) и финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8  проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 проценти), Стручни, научни и технички дејности (5 проценти) и Транспорт и складирање (4,3  проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесуваше 54 675 денари.