Според претходните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 79 977 866 илјади денари и бележи пораст од 13.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 109 640 908 илјади денари, што е за 12.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

 

 

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 29 663 043 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 72.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – март 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, I-III 2018 Покриеност на увозот со извоз
189 618 774 илјади денари 72.9%
3 080 092 илјади евра 72.9%
3 789 706 илјади САД долари 73.0%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 1 299 073 илјади евра и бележи пораст од 13.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 781 018 илјади евра, што е за 12.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 481 945 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 1 598 560 илјади САД долари и бележи пораст од 30.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 191 146 илјади САД долари, што е за 29.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 592 586 илјади САД долари.