Ќе бидат потребни неколку години за Охрид да се врати на туристичкиот пиедестал, прогнозира научната фела. После 2001-ва година кога е забележан пад од 50%, 2020-та година ќе биде впишана како најцрната година со драстичен пад од околу 60- тина проценти.

Ќе бидат потребни неколку години за Охрид да се врати на туристичкиот пиедестал, прогнозира научната фела. После 2001-ва година кога е забележан пад од 50%, 2020 година ќе биде впишана како најцрната туристичка година со драстичен пад од околу 60- тина проценти.

Загрижува тоа што анализите покажуваат пад на приходите за цели 50%, што силно ќе се одрази врз локалната економија особено во Охрид и Струга.

„Ги немаме странските туристи кои што издвојуваа двојно повеќе средства во донос на домашните туристи, иако остваруваа помал број на ноќевања. Очекувањата се дека за 40 до 50% ќе биде намален приходот од туризам во нашата држава. Ако лани остваривме некаде околу 400 милиони долари приход, оваа година очекуваме во најдобар случај да биде некаде половина од тој износ“, вели професорот Цветко Андреески.

За спас на туризмот државата врденаш по завршувањето на пандемијата мора да работи на субвенционирање на тур- оператори и евтини авиолинии за што поскоро враќање на странските гости.

„Ако ја споредиме оваа криза со кризата во 2001 година, ќе видиме дека после таа криза биле потребни 10 години да се вратиме на оние бројки кои сме ги имале во 2000- та година. Сега не смееме да си го дозволиме тој луксуз да чекаме 10 години за да се преземат мерки за развој на туризмот“, вели Андреески.

Најдобрата година за туристичкото стопанство во Охрид била далечната 1987-ма година, кога на брегот на Охридското Езеро имало 4 милиони ноќевања, по неа 2019-та година имаше рекордни 1.187. 000 туристи, кои остварија 3.200.000 ноќевања.

Останува отврено прашањето колку од туристичките, хотелските и угостителските капацитети ќе успеат да ја пребродат корона кризата.