Собранието го усвои Законот за заемот за финансирање на изградбата на фотонапонска централа во Осломеј, проект на ЕСМ како дел од енергетската транзиција на земјата, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што вели Бектеши, изградбата на фотонапонската централа во Осломеј е од големо значење за зголемување на енергетската независност на државата и зголемување на производство на електрилна енергија од сонце, односно реализација на зелената агенда.

Изградбата на фотонапонската централа Осломеј ќе чини 8,8 милиони евра и истата ја финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР без државна гаранција, во износ од 5,9 милиони евра, како и со грантот од ВБИФ во износ од 1,6 милиони евра и со сопствени средства во износ од 1,3 милиони евра. Проектот опфаќа изградба на ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и ФЕ Битола со инсталирана моќност од 20 MW. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 25,5 милиони евра и истиот го финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР во износ од 19,8 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, со грантот од ВБИФ во износ од 5 милиони евра и со сопствени средства во износ од 0,7 милиони евра, пишува Бектеши во својата објава.