Извршниот потпретседател на Националната нафтена компанија Абу Даби (АДНОК) за трговија, Филип Кури, изјави дека компанијата планира да изгради нафтовод за извоз на бензин, дизел и гориво за авиони што ќе го заобиколува Ормускиот теснец, објави во вторник „Фајненшл тајмс“.
Кури рече дека АДНОК инвестира „многу време обидувајќи се да ги зајакне нашите канали за снабдување и нашите системи за да се осигура дека ако кризата трае подолго, како што мислиме дека може, сè уште имаме можност да ги снабдуваме нашите клиенти на ефикасен и конкурентен начин“.
Обединетите Арапски Емирати веќе управуваат со нафтовод за сурова нафта до пристаништето Фуџаира и градат втора линија за која се очекува да го удвои капацитетот следната година. АДНОК, исто така, размислува за посебен нафтовод запад-исток што би можел да им помогне на другите производители од Заливот да го заобиколат теснецот, пишува Баха.