Ќе се субвенционираат мали еко бизниси од туристичкиот сектор во Струга и Поградец . Целта е преку реализација на повеќе активности и  заеднична промоција на туризмот во двете погранични општини со своите природни убавини, храна, историски знаменитости, да се подобри туристичката инфтраструктура а воедно и да се привлечат што поголем број туристи.

Интересот кај стопанствениците е голем, особено во време кога поголемиот дел од хотелско угостителските објекти се соочуваат со предизвиците од енергетската криза.

Проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство-COOLTOUR“, почна да се реализира во јануари минатата година, а ќе трае до декември 2024 година.