Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе и обезбеди на Украина 150 милиони евра. Ова го соопшти украинскиот премиер Денис Шмигал, истакнувајќи дека средствата ќе ја поддржат државната енергетска компанија „Укренерго“. Според неговите зборови, парите се „важен придонес за енергетската безбедност на Украина“. Претходно Светска банка издвои 1,34 милијарди долари во државниот буџет на Украина. Средствата ќе бидат наменети за исплата на пензии и плати на наставниците, поддршка на внатрешно раселените лица и други приоритетни трошоци од државниот буџет. Нешто повеќе од 80% од ова финансирање дојде од јапонската влада, а остатокот се донации од САД, Швајцарија и Украинскиот фонд за закрепнување, транзиција и реформи (УРТФ).

Вчера Шмигал објави дека Меѓународниот монетарен фонд префрлил околу 900 милиони долари за финансирање на приоритетните буџетски расходи на земјата. „Финансиската помош од меѓународните партнери ни овозможува да обезбедиме макрофинансиска стабилност на Украина и да ги распределиме сите национални ресурси за потребите на нашата војска. Им благодариме на нашите партнери за нивната солидарност и поддршка“, напиша Шмигел во Телеграм.