Управниот орган на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека започнале „фаза на истражување“ на 24-месечен проект за дигитална евровалута, со кој се опфатени дизајнот и дистрибуцијата на таква валута.

„Поминаа девет месеци откако го објавивме нашиот извештај за дигиталното евро. За тоа време, извршивме анализа, побаравме придонес од граѓани и професионалци и спроведовме некои експерименти со охрабрувачки резултати“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа додаде дека целта на ЕЦБ „е да гарантира дека граѓаните и деловните субјекти во дигиталната ера ќе имаат пристап до најбезбедната форма на пари, парите од централната банка“, додаде Лагард.

Целта на тестирање е да се разгледаат потребите на потрошувачите со цел да се создаде „достапна и ефективна форма на дигитални пари за централната банка“, со што ќе се избегнат ризици за граѓаните во еврозоната и ќе ја заштити нивната приватност, како и дигиталното потенцијално влијание на еврото врз пазарот и економијата како целина.

ЕЦБ за тоа ќе соработува со претставниците на Европската Унија.