Се верува дека илјадници луѓе ги загубиле своите заштеди откако инвестирале во апликација за тргување со криптовалути наречена iEarn Bot.

Експертите кои ја истражувале оваа компанија велат дека овој случај би можел да биде еден од најголемите крипто скандали досега.

Тргувањето со криптовалути стана популарно затоа што на луѓето често им се ветуваат големи профити за краткорочни инвестиции, но агенциите за спроведување на законот предупредуваат на се поголем број измами и им препорачуваат на инвеститорите да бидат претпазливи, се наведува во извештајот на Би-Би-Си.

Во Романија, десетици личности од висок профил, вклучително и владини функционери и академици, беа убедени да инвестираат преку апликацијата бидејќи беше спонзорирана од Габриел Гараис, водечки ИТ експерт во земјата, но Гараис тврди дека и тој бил измамен да ги инвестира своите заштеди во апликацијата по што ги изгубил парите.

Човекот именуван како сопстсвеник на iEarn Bot изјави за јавниот сервис на ОК дека никогаш не слушнал за компанијата и потврди дека поднел пријава во полиција.

Технолошкиот институт во Масачусетс, заедно со компании како Huawei и Qualcomm, се именувани како „стратешки партнери“ на iEarn Bot, но и тие тврдат дека немаат познавање на компанијата и не работат со неа.

iEarn Bot Company не објави никакви информации за контакт на својата веб-страница.