Кавадречката компанија „ИГМ трејд Илија и др“ е втора на листата со компании со најголема добивка (порталот Пари веќе ја објави листата https://pari.com.mk/100-najgolemi-dobivka-2021-godina/ ) . Но, како што веќе пишувавме, и покрај остварениот профит од 51,2 милиони евра во текот на минатата година, компанијата не дала ни плати кои во просек се барем како минатогодишниот републики просек кој бил 28.718 денари. Имено, лани прсечнаат плата во оваа компанија била 26.798 денари.

Со цел да откриеме што повеќе „аномалии“ при исплатите на платите во компаниите, порталот „Пари“ ги „прочешла“ податоците за оваа компанија. Тие зборуваат дека во 2021 година просечната плата во „ИГМ трејд“ е зголемена за 1.890 денари во однос на прсечната- нето плата во 2020 година  (тогаш компанијата исплатила во просек нето-плата од  24.908 денари). Односно, зголемувањето на прочената нето плата во 2021 година во однос на 2020 година било за 7,6%. Но, затоа профитот на компанијата станал повеќе од тројно поголем! Имено, добивката на „ИГМ трејд“ во 2020 година била 15 милиони евра, а во 2021 година изнесувала 51,2 милиони евра.

Финансиски показатели од 2017 до 2021 за „ИГМ трејд“

ГОДИНА ПРИХОД (ВО МИЛИОНИ ЕВРА) ДОБИВКА (ВО МИЛИОНИ ЕВРА) БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ ПРОСЕЧНА ПЛАТА (ВО ДЕНАРИ)
2017 106,6 10 430
2018 131,2 12 449
2019 109,4 6,5 440
2020 108,7 15 479 24.908
2021 182,7 51,2 500 26.798

Од податоците, кои беа преглед на анализа, може да се види дека минатата година „ИГМ трејд“ направила профит поголем од профитите во сите изминати 4 години заедно, додека приоходот е зголемен за 70-тина проценти од  годишните приходи што вообичаено се правеле во последните години  (споредено со 2018 година разликата е уште помала).

Само во однос на минатата година компанијата имала раст на приходите  за 68%, а на добивката за 240%.

На официјалната страница на „ИГМ трејд“ пишува:

„Од своето основање како трговско друштво во 1994 година, ИГМ-Трејд брзо се развива како гринфилд инвестиција и станува еден од најголемите производители на челични заварени цевки и профили во Југоисточна Европа.(…) Континуирано инвестираме во нова технологија со цел да ја одржиме нашата позиција како лидер на пазарот. ИГМ-Трејд е извозно ориентирана компанија со 95% од вкупното производство продадено надвор од Македонија, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА. Нашиот високо мотивиран и искусен тим за продажба е обучен даима блиска соработка со нашиот производствен оддел за да обезбеди брзо производство, брза испорака и висок степен на задоволство на клиентите. Работиме напорно за да ги задоволиме строгите барања за квалитет на нашите клиенти“.

Линк до анализата: https://pari.com.mk/edna-od-najprofitnite-kompanii-vo-zemjava-ne-dava-ni-prosecna-plata-a-profitot/