Британскиот финансиски регулатор (FCA) потсети дека времето истекува за меѓубанкарската каматна стапка на Лондон на крајот на 2021 година и ги повика пазарите да го забрзаат трансферот на договори, вреден 260 милијарди долари ширум светот, на каматните стапки составени од централните банки.

Укинувањето на ЛИБОР доаѓа по милијарди долари казни изречени на заемодавателите за обиди да ја постават оваа каматна стапка, која некогаш се сметаше за водечки репер во светот за утврдување на цената на широк спектар на државни хартии од вредност, од цената на корпоративните заеми до цената на позајмување на кредитните картички.

FCA објави дека на 31 декември годинава ќе престане пресметувањето и објавувањето на вредностите на LIBOR за договори во британски фунти, евра, швајцарски франци, јапонски јен и американски долари, така што од јануари 2022 година, банките повеќе нема да бидат обврзани да испратат податоци за пресметка на оваа камата.

Сепак, две доларски верзии на LIBOR ќе продолжат да важат до средината на 2023 година, како што претходно објавија Федералните резерви на САД.

– Денешното соопштение го означува последното поглавје во процесот што започна во 2017 година, со цел да се укине потпирањето на неодржливите стапки на LIBOR и да се воспостави поцврста основа за финансискиот систем – рече гувернерот на Банката на Англија, Ендру Бејли во изјавата

Тој додаде дека, со оглед на ограничената временска рамка, им препорачува на сите чинители на пазарот веднаш да преземат мерки и да ја завршат нивната транзиција до крајот на 2021 година.

Наместо ЛИБОР, регулаторите препорачуваат стапката на депозити преку ноќ да се користи како основа за пресметување на каматните стапки на меѓубанкарските заеми.