Безос значително го зголемил своето богатство за време на пандемијата на вирусот корона, бидејќи милиони луѓе кои останале заробени во своите домови поради „Ковид-19“, стигнале до услугите на „Амазон“ да нарачаат храна, облека, книги или друго, пишува „Гардијан“.

Најбогатиот човек во светот, основачот на „Амазон“, Џеф Безос, постави нов рекорд во дневната заработка, зголемувајќи го своето богатство за еден ден за 13 милијарди долари.

И покрај пандемијата што удри во голем број компании предизвика една од најголемите економски кризи од Големата депресија од 1930-тите, вредноста на акциите на Амазон се зголемија за 70 проценти од почетокот на годината.

Само овој понеделник, нивната цена скокнала за осум проценти, на рекордни 3.197 долари.

Безос, кој ја започна Амазон во својата гаража во 1994 година, сè уште поседува 11 проценти удел во компанијата, како и сопственост на компанијата за вселенско патување Блу Ориџин и Вашингтон пост.

Богатството на Безос се зголеми за 74 милијарди долари само од јануари оваа година. Личното богатство на Безос е поголемо од пазарната вредност на гигантите како „Ексон Мобиле“, „Најк“, „Мекдоналдс“ и други корпорации. Богатството на основачите на Амазон го надминува БДП-то на Унгарија, Украина и Катар.

Неговата заработка од 13 милијарди американски долари е најголемиот еднодневен скок во нечија нето вредност откако Блумберг започна да ги следи дневните нивоа на богатство на најбогатите луѓе во светот во 2012 година.