Основачот на Амазон, продаде уште еден пакет од акциите од својата компанија од повеќе од 530 000 акции за 990 милиони долари. Ако го плати данокот од оваа трансакција, на Џеф Безос ќе му останатат 750 милиони долари.

Пред неколку дена тој продаде 1,8 милијарди долари вредни акции од кои ќе му останатат 1,4 милијарди. После овие две трансакции на Безос ќе му легнат 2,15 милијарди долари чиста заработка.