Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19,6 отсто; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7,5 отсто; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,9 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4,8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 72,0 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6,0 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0,5 отсто.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.