На годишно ниво светската економија забележува пад од 9 %.

Француската економија драстично ќе се опорави во втората половина од оваа година, по падот во првите шест месеци предизвикан од преземените мерки при борбата со епидемијата од корона вирусот, објави стаистичката агенција „INSEE“.

Останатите економии во еврозоната во второто тримесечје паднаа за 17 отсто во однос на првите три емсеци, информација која „INSEE“ ја потврди со проценката во Јуни.

Во првите три месеци од оваа година, економските активности опаднаа за 5,3 отсто.

На годишно ниво светската економија опадна за 9 отсто

Во третото тримесечје економијата би требало да се подобри, во однос на проценката на стапката на раст од 19 отсто, и да порасне дополнителни 3 отсто во четвртото тримесечје, пресметки добиени од страна на статистичката агенција.

Тие додаваат дека, на крајот на оваа година економските активности би требало да бележат пад од еден до шест отсто понизок во однос на состојбата пред корона кризата.

Во текот на целата година економијата ќе се намали за 9 отсто, тоа е најголем пад по 1948 година откако започнаа модерните истражувања. Сепак ова е подобро предвидување од владиното, кое предвиде пад на економијата за 11 отсто.

Во средината на март, владата воведе строги рестриктивни мерки кои започна да ги укинува на 11 мај кога започна „постепеното, но силно закрепнување“ на економијата, објаснува „INSEE“.