Во текот на првото тромесечие бруто домашниот производ на Романија од оваа година забележа раст од четири проценти во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика.

Сепак, во споредба со последниот квартал од минатата година, бруто домашниот производ остана на исто ниво.

 

Минатата година романската економија забележа раст од 6,9 отсто во споредба со 2016 година.

Европската комисија очекува романската економија во текот на 2018 година да има раст за 4,5 отсто, а во 2019 година од 3,9 отсто.

Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка прогнозираат раст од пет или 5,1 отсто за оваа година.