Во развиените и земјите во развој се повеќе расте пазарот на органската прехранбена индустрија. Придобивките од овој вид на храна познати и кај нашите гаѓани, но колку економската моќ им дава можност во изборот помеѓу цената и квалитетот на производот. Технолозите ја претпочитаат модерната производствена технологија, но сепак велат во сировината е основата за производство на квалитетен органски производ.

Цената или квалитетот на прехранбениот производ од што повеќе се раководат граѓаните. Велат знаат дека органското производство позитивно влијае на здравјето, но често домашните економски параметри се пресудни.

Иако долго време се даваше премногу мала важност на здравата исхрана последниве години на светско ниво се подига свеста за тоа дека храната треба да биде и наш лек.

Технолозите на дел од нашите млелопреработувачки капацитети кој одамна го обезбедиле сертификатот за квалитет и извоз во земјите на ЕУ велат дека за еден висококвалитетен производ неопходна е современа технологија но основата лежи во сировината.

„Малопродажните движење сè уште покажуваат дека потрошувачите поради цената посегнуваат по поштетната исхрана“, додава Велоковска.

Квалитетен производ е оној кај кој до израз доаѓа млечниот вкус сè друго ви покажува дека не се работи за стопостотен млечен производ вели битолскиот технолог.