„Фајнанс Тинк“ денеска ќе одржи економскиот форум насловен „Дали субвенциите создаваат подобри претпријатија? Или подобрите претпријатија добиваат повеќе субвенции?”, на кој промотивно ќе бидат презентирани резултатите од импкт евалуацијата на ефектите од државната помош на мерките од планот за економски раст.

Од „Фајнанс Тинк“ наведоа дека на настанот ќе бидат дадени одговори на прашањата: Дали субвенциите дадени преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите ги постигнуваат зацртаните резултати?, Дали грантовите од Планот за економски раст дадени преку Фондот за иновации и технолошки развој имаат поволен ефект врз фирмите-корисници? и дали државната помош за поттикнување на растот на фирмите е во линија со правилата на ЕУ?