Соработката во регионот на Балканот, економскиот развој, странските инвестиции, инфраструктурата, енергијата, туризмот, последиците од ковид пандемијата – теми за кои денеска во Скопје се дебатираше на првиот економски форум – бизнис заедницата со порака –-дражавата да ја спречи миграцијата на вработените и да најде начини младите ги задржи во земјава.

Клучен приоритет треба да биде и борбата против сивата економија – порача претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер.

„Не е можен раст на БДП во услови кога добрите работници ја напуштаат земјава. треба да се направи анкета дали причина за тоа е животниот стандард, платата или условите за работа. За зголемување на извозот  не помага  неработната недела, земјава треба да прави свои брендови како што е ајварот, но и да работи на развој на туризмот преку претставување на туристичките потенцијали.“ – изјави Штефан Петер – Претседател на Совет на странски инвестиции.

Италијанскиот амасадор во земјава, покрај тоа што се осврна околу поддршката на европерспективата на сите држави од Западен Балкан, на македонските власти им порача дека треба напорна работа за привлекување на дополнителни инвестиции.

„Многу е важно да заврши и Коридоот 8 кој се вксрстува со Коридорот 10. Тоа е можност за вашата држава и вие треба да делувате како регионален центар не само како една држава каде се вкрстуваат патиштата, туку навистина да станете една држава центар. Мора напорно да работите дополнително за да привлечете нинвестиции.“ – изјави италијанскиот  амбасадор во земјава Андреа Силвестри.

Буџетот е во добра кондиција и државата има пари, порачаа владините претставници. Се осврнаа и околу економските предизвици и последици од ковид пандемијата. Кризата ја видовме како можност и затоа рекордни 70 милиони евра беа искористени за поддршка на домашни или странски инвеститори, порача Битиќи.

„Ако говориме за влијанието на глобалната пандемија врз нашата економија, ние не почувствувавме тешки последици како останатите земји, бидејќи ако можам да кажам, многу брзо ги увидовме можностите за ефективно справување и ја согледавме можноста кризата да ја искористиме за економски развој и конкурентност на нашата економија и во днос на привлекување на странски инвестиции.“ – изјави Фатмир Битиќи – Заменик  на Претседател на Влада задолжен за економски прашања.

Форумот, чиј фокус се поставувањето темели за стабилност и просперитет во Македонија, со официјално обраќање го отвори премиерот, Зоран Заев.  Министри, владини претставници, амбасадори, истакнати бизнисмени учествуваа во повеќе панел дебати. Целта на Економскиот форум е да прерасне во средба на високо ниво на најсилните локални и меѓународни политички лидери и бизнисмени во пресрет на континуираните предизвици со кои се соочува Северна Македонија, но и поширокиот регион.