Во Пекинг се одржа дводневната годишна седница на кинескиот парламент, објавија светските агенции. На делегатите им беше претставен работен документ во кој беа наведени целите на владата во економијата и одбраната.

Во извештајот се вели дека оваа година целта е за економски раст од околу 6,5 отсто. За споредба, минатата година целта беше формулирана како „6,5 отсто или повеќе ако е можно“. Така, во 2017-та година, економскиот раст ги подобри очекувањата, достигнувајќи 6,9 проценти.

Кина според извештајот  треба да вложи силни напори за стабилизирање на надворешната трговија и подобрување на националното економско планирање, објави „Ројтерс“.

Волуменот на поставените во извештајот планирани домашни инвестиции за годината изнесува 537,6 милијарди јуани (84,7 милијарди долари), пренесоа агенциите. Тоа е 30 милијарди повеќе од претходната година. Средствата ќе бидат наменети за одржување на земјоделството и на селата и за стимулирање на развојот, за заштита на животната средина, за подобрување на условите за живот на населението, за развојот на потенцијалот при гарантирањето на безбедноста.

Во извештајот се предвидува дека оваа година ќе се создадат над 11 милиони работни места и дека Кина ќе го забрза растот на трошоците за одбрана, пренесуваат светските агенции. Растот во оваа насока ќе изнесува 8,1 отсто. За споредба, минатата година беше 7 проценти. Така сумата ќе изнесува 1,1 илјади милијарди јуани (175 милијарди долари), пренесоа агенциите.

Во 2017-та година Кина потроши 151 милијарда долари за одбраната. Тоа беше четири пати помалку во споредба со САД, кои потрошиле 603 милијарди долари, но повеќе од Саудиска Арабија и Русија – 77 милијарди и 61 милијарди долари, покажуваат податоците на Меѓународниот институт за стратешки студии со седиште во Лондон. Пекинг ги зголеми трошоците за одбрана по повеќе од 30 години, објави агенцијата.

Во својот говор на отворањето на седницата на парламентот премиерот Ли Кицјанг рече дека Пекинг нема никогаш да толерира било какви „сепаратистички шеми за самоуправа на Тајван и ќе го зачува територијалниот интегритет на Кина”“, пренесе „Ројтерс“.

Пекинг е лут на американскиот закон чија цел е зголемување на официјалните контакти меѓу Вашингтон и Тајпеј. Предлог-законот треба само да го потпише Доналд Трамп за да стапи законот во сила.

Во својот говор Премиерот освен тоа рече дека во изминатите неколку години светот беше сведок на анемични обновување на светската економија, на капризност на глобалните финансиски пазари и на драстичен пораст на протекционизмот.